По Макфакс излезе ли и Слободен печат со лажна вест?

По лажната вест на Макфакс за НАТО и името дали уште еден провладин медиум излезе со анализа која освен што е шпекулативна меѓу редови можеби открива дека е дел од ПР кампања за лажни вести.

“По завршувањето на референдумот, дел од раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе организира вонреден партиски конгрес, на кој ќе биде побарана оставка од лидерот Христијан Мицкоски и ќе биде избран неговиот наследник. Оваа информација ја дознаваме од високи извори во опозицијата кои откриваат дека во партијата веќе се формирала „алијанса“ помеѓу реформаторите и пратениците, чија цел е да се направат итни промени во функционирањето на раководството, оти како што предупредуваат, со ваквото работење може лесно да се случи партијата целосно да пропадне во политичкиот амбис од кој повеќе нема враќање”, пишува денеска весникот Слободен Печат кој во анализата цитира непознати аналитичари и тајни извори во опозицијата.

Смучајно или не авторот на веста е близок на висок претставник на кабинетот на премиерот Заев одговорен за пропаганда а двајцата се дел од групата поддржувачи на српскиот егзарх Вранишковски.

За потсетување весникот Слободен Печат пред два месеци од Фондот за иновации односно од премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев доби над 160 илјади евра за набавка на печатница.

Весникот Слободен печат во својата анализа не објаснува дека се работи за нарачан ПР текст кој има за цел да го потенцира проблемот со лажните вести или во конкретниот случај со лажната анализа.

SHARE

Comments are closed.