По Меркел и Радев од Москва бара гас

Владите на Руската федерација и на Бугарија да ја преиспитаат можноста за директна испорака на гас од Русија преку Црното Море, побара во Москва бугарскиот претседател Румен Радев..

Тој, за време на фоцијалната посета на Русија имаше средба со рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Русија, според зборовите на Радев, отсекогаш била стратешки партнер во енергетиката како снабдувач на природен гас, нафта и нуклеарно гориво, како учесник во одржување и модернизација на енергетските капацитети во Бугарија.

Сигурноста во снабдувањето со енергија е исклучително важна и за Бугарија, и за ЕУ, рече претседателот Румен Радев, пренесуваат бугарски медиуми.

Во петокот германската канцеларка Агела Меркел во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, меѓу другото и за нафтоводот „Северен тек 2“ кој носи руски природен гас во Германија, но ја заобиколува Украина.  Проектот вреден 11 милијарди долари ќе го удвои количеството на природен гас што Русија ќе го транспортира во Западна Европа од новооткриените резерви во Сибир, зашто на Германија ѝ треба сигурно снабдување со гас, пренесе Радио Слободна Европа.

SHARE