По Мерко во Струга и Теута Арифи во Тетово крева меѓуетнички тензии

Откако завчера градоначалникот на Струга Рамиз Мерко го прекрши законот и испровоцира меѓуетнички тензии со поставување само на албанско знаме по главните улици ноќеска истото се случи и во Тетово.

На сите главни сообраќајници во чест на денот на албанското знаме се закачени само албански знамиња без да се закачи и државното знаме.

Градоначалник на Тетово е Теута Арифи која што во 2011 година беше во врвот на ДУИ кога заедно со ВМРО-ДПМНЕ се носеше законот за употреба на знамињата на малцинствата.

Според тој закон покрај албанското знаме секогаш мора да биде поставено и државното но притоа тоа треба да биде со поголеми димензии.

Во случајот со Тетово воопшто нема никакво знаме.

Откако вчера реагираа медиумите во делови од Струга попладнето беше закачено и државното знаме со исти димензии како и албанското.

Во Струга ставени и македонски знамиња

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар