По писмото на Мичел до Мицкоски, доаѓа ли од Вашингтон “булдожер”?

Заменик помошникот државен секретар за европски прашања, Метју Палмер, ќе дотпатува за Македонија во понеделник 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција и и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Палмер ќе се сретне со претставниците на владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Во најавата нема информација дека Палмер ќе се сретне со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.