Атина ќе добие 12 милји од албанските територијални води во Јонското Море, со договорот што треба да го потпишат Грција и Албанија, пишуваат албански медиуми.

Според содржината од договорот, како што објавиле грчки медиуми, Албанија ја губи контролата над Јонското Море додека грчките територијални води околу островот Крф се доближуваат на само неколку милји одалечќеност од Саранда, Дерми и Палса, пренесува МИА.

„Тоа го потврдува најгоемото предавство на една влада што Албанија ја имала во периодот повеќе од еден век“ пишува порталот Албеу.

Албанија се согласила да ѝ дозволи на Грција да ги прошири територијалните води на 12 милји од брегот, што е максимално дозволено со Конвенцијата на ОН за поморско право.

Нема реакции од албанска страна особено што премиерот Еди Рама и МНР Дитмир Бушати околу ова прашање изјавиле дека Албанија не губи ништо со овој договор.