По шокот во Кожани – Гонзалес: Катастрофа. Лазаров: Шлаканица

Селекторот Раул Гонзалес и капитенот Кирил Лазаров не го криеја разочарувањето од неочекуваниот пораз од 28:26 против аутсајдерот Грција во квалификацискиот дуел за Европското првенство 2020, кој беше повеќе од ракомет за двата ривала во Кожани.

„Нашата игра и во одбрана и во напад беше катастрофа. Едноставно, бевме многу лоши во сите сегменти и против Турција, и против Грција. Сите ние, ракометарите, навивачите, новинарите, мислевме само со колку разлика ќе ги победиме ривалите, но денес сите играат ракомет“, изјави Шпанецот на македонската клупа.

„Не смеевме да си го дозволиме овој пораз. Ова го најавив и по победата против Турција во Битола, но изгледа дека не бев сфатен сериозно. Ова е голема шлаканица за сите нас. Заслужен пораз. Заслужуваме критики од сите вас, од целата јавност“, рече Лазаров.

 

SHARE

Оставете Коментар