Loading...

По скандалот што ја стресе Германија откако беше обелоденето дека мигранти во градот Бремен лесно и за само 1.000 евра доаѓале до азил германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер  ја отпушти Јута Корд, шефица на сојузната служба за миграција и бегалци.

Јута Корд

Корд, која ја презеде оваа агенција на почетокот на 2017 година, доби отказ поради аферата во канцеларијата на федералната служба за мигранти во Бремен, на која министерот Зехофер ѝ го одзеде правото да доделува азил, пишува Дојче веле.

Како што пишуваше Expres.mk, „најмалку 1.176 лица добиле азилантски статус во Бремен, иако не исполнувале никакви услови: или немале никакви документи, или лажеле за нивното потекло, па дури и не им биле земени отпечатоци од прсти.

Во центарот на скандалот била извесна Улрике Б, поранешна шефица на филијалата на Сојузната канцеларија за миграција и бегалци во градот Бремен.

Државниот обвинител го испитувал работењето на оваа жена и нејзиниот мистериозен однос со адвокатот Ирфан Ц, кој во најголем број случаи ги претставувал барателите за азил.