По тешката сообраќајка со 16 загинати, утре ден на жалост во Бугарија

Причината за тешката катастрофа во близина на Своге вчера се должи на состојбата на автобусот, патот, возачот и времето. Повеќето од жртвите биле без појас, што исто така може да биде предуслов за трагичниот инцидент, вели Кирил Ананиев, поранешен претседател на Комитетот за транспорт во бугарскиот паремент, и актуелен експерт во Институтот за безбедност на патиштата за БТВ.

16 лица загинаа вчера во тешка сообраќајка во близина на Своге, 27 се повредени. Тие се пренесени во болница.

Меѓу загинатите е и 13-годишно дете.

Пред да се преврти неколку пати, автобусот во кој се превезувал туристи кои  во посета на манастир , имал „контакт“ со три автомобили.

И бугарскиот претседател Румен Радев, денеска го посети местото на несреќата.

Владата го прогласи за ден на национална жалост утрешниот ден.

SHARE