Почина академик Блаже Ристовски

Почина академик Блаже Ристовски (87), редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Блаже Ристовски (роден во с.Гарниково, Кавадаречко на 21 март 1931) беше македонски книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар. Беше потпретседател во првата влада на независна Македонија во 1991 година и уредник на првата „македонска енциклопедија“ во издание на МАНУ.

Утре во 10.30 часот во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи Комеморативна седница.

Погребот на академик Блаже Ристовски ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје утре, во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата од 12 до 13 часот, дознава Нова ТВ

 

SHARE

Оставете Коментар