Почина Арета Френклин –  кралицата на соул музиката (ВИДЕО)

Кралицата на американската соул музика, почина денеск  во нејзиниот дом во Детроит, опкружена со семејството и пријателите, објави Асошиетед прес. Френклин, позната по нејзиниот моќн глас, со години се бореше со болести, а во последните неколку недели нејзинaта состојба се влоши.

Френклин почина на 76 години.

По вестите за влошената здравствена состојба во последните неколку дена ја посетија многу пријатели меѓу кои Стиви Вондер и свештеникот Џеси Џексон.

Во текот на нејзината речиси седумдецениска кариера, Френклин се етаблираше како еден од најважните уметници во историјата на музиката, освојувајќи 18 Греми награди, продавајќи повеќе од 75 милиони ауди-записи низ целиот свет… сними 112 синглови, со што се наметна како најпродаван женски вокал во историјата.

Последен пат настапувала лануи во ноември на концерт на Елтон Џон и Фондот за борба против СИДА-та. Претходно таа објави дека тоа ќе биде и последна година на нејзините настапи.

„Ќе снимам, но веќе нема да одржувам концерти“, изјави Арета Френклин во една радио-емисија.

 

 

SHARE