Денеска во Скопје на 69 годишна возраст ненадејно почина Јован Ристов, основачот и прв директор на Управата за заштита на културното наследство.

Ристов беше истакнат правник што се бореше за заштита на културното наследство.

Тој беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија, како и еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит.

Беше и автор на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија.

SHARE

Оставете Коментар