Шпанската оперска ѕвезда Монсерат Кабаје почина на 85-годишна возраст, соопшти утрово Би-би-си.

Познатиот сопран почина утрово во болницата „Сант Пау“ во каталонската престолнина, Барселона, каде беше хоспитализирана во септември поради здравствени проблеми што ја мачеле со години.

Таа имаше срцев напад во 2012 година и оттогаш имаш проблеми со заздравувањето.

Кабаје стекна слава во 1965 година, со улогата Лукреција Борџија во операта на Доницети во познатиот „Карнеги хол“ во Њујорк, откако по случај излезе на сцена за да ја замени нејзината  болна своја колешка.

За време на 50-годишна кариера таа е настапуваче во операта „Метрополитен“, во државна опера во Виена со познати тенори како Лучијано Павароти и Пласидо Доминго.

Со популарната песна „Барселона“, која Кабаје ја испеа заедно со фронтменот на „Квин“, Фреди Мркјури, во 1987 година ги освои срцата и на оние кои не беа фанови на „сериозната’ музика.

Во 1992 година по смртта на Меркјури, песната стана неофицијална химна на Летната Олимпијада што се одржа во Барселона.

Кабаје, во април го прослави својот 85 роденден.

Таа имаше проблеми со законот во 2015 година, откако беше обвинета за затајување данок. Поради лошата здравје судот дозволи на оперската ѕвезда да не присуствува лично на судењето  во Барселона.
Кабаје склучи договор со обвинителството и со пресуда ѝ беше наложено да плати казна од 254.000 евра покрај 6 месечната условна казна, откако беше прогласена за виновна за перење пари преку оф-шор компанија во Андора во 2014 година.

 

Оставете Коментар