Почина првиот македонски министер за култура

Loading...

По долгогодишни здравствени проблеми во Скопје на 82 години почина академикот Цветан Грозданов, еден од водечките византолози на Балканот.

Грозданов зад себе остави огромно научно наследство на полето на црковната ликовна уметност и историја.

Цветан Грозданов е роден во Охрид, во 1936 година. Дипломирал и докторирал на групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград, а специјализирал византологија во Париз.

Беше долгогодишен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Беше првиот министер за култура во независна Република Македонија и во еден период претседател на Македонската академија на науките и уметностите. За своите дела носител е на многу титули и награди.