Почина режисерот Љубиша Георгиевски

Во 81 година од животот, денеска почина Љубиша Георгиевски, театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Георгиевски, роден на 30 мај 1937 година, во 1994 година беше претседателски кандидат, од 2000 до 2004 амбасадор во Бугарија и претседател на македонското собрание од 2006-до 2008 година.

 

SHARE

Оставете Коментар