Почина сенаторот Џон Мекејн

Американскиот сенатор и претседателски кандидат, почина во 81 година.

Во јули минатата година му беше дијагностициран агресивен тумор на мозокот и беше подложен на медицински третман, но во петокот решил да гопрекине лекувањето.

Мекејн беше  сенатор во шест мандати, а во 2008 беше претседателски кандидат на републиканците, кога победи Барак Обама.

За време на војната Виетнам, Мекејн како пилот на американската морнарицата за беше соборен и беше заточен повеќе од пет години.

Мекејн беше гласен критичар на актуелниот претседател Доналд Трамп, кој во една прилика го навреди велејќи дека не може да биде виетнамски херој некој кој поминал години во заточеништво.

„Ми се допаѓаат луѓето кои не беа заробени“, изјави Трамп кој избелгнал воен рок.

Трамп не е поканет на погребот на сенаторот.

SHARE

Comments are closed.