Францускиот композитор од ерменско потекло, пејач, писател, поет и актер, почина во својата 94 година од животот.

Роден бил во Париз на 22 мај 1924 година во семејството на ерменски имигранти. Почнал да пее на возраст од 9 години и наскоро го прифатил уметничкото име Азнавур.

За неговиот пробив помага уште едналегенда на француската музика, Едит Пјаф, која откако го слушнала како пее го земала со себе на турнеи во Франција и во САД.

Често бил нарекуван „француски Френк Синатра“, Азнавур создаде песни првенствено посветени на  љубовта.

Напишал над 1.000 песни и мјузикли, и играл во 70 филмови.

Во 2009 година, пејачот со ерменски корени се согласи да стане амбасадор на Ерменија во Швајцарија, каде што живеел од 1976 година.

Азнавур се женел три пати и имаl 6 деца.

Оставете Коментар