Почина уште еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ

Во 87 година од животот денеска почина Дане Поповски, еден од четворицата основачи на ВМРО СДРМА – ПРАВДА, партија која по Втората Светска Војна ја поведе битката Македонија да стане Самостојна, Демократска, Суверена Држава под протекторат на Америка.

Дане Поповски е роден во 1931 година од Царев Двор, Ресенско. По занимање земјоделец, осуден 1950 година на две години затвор поради непријателска работа по линија на ванчомихајловизам и заземање раководна улога во таква група.

Во 1956 година е обвинет за кривично дело непријателска пропаганда по член 118 од Кривичниот законик, по што е осуден на петгодишен затвор.

Дане Поповски се смета за најзаслужен што пред ДПМНЕ стои името на ВМРО а бил дел од основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО – ПРАВДА била конспиративна политичка организација во НР/СР Македонија формирана од припадниците на ВМРО-СДРМА во Прилеп со политичка програма: обединета самостојна држава Македонија со парламентарно уредување по угледот на парламентарните држави на Запад, надополнета со заложби за остварување социјалнаправда. Дејноста ја проширила мрежата во Битола, Охрид, Ресен, Скопје, Свети Николе, Штип, Берово, Струмица и во селата, во Малешевско и во Дебарца. Членовите на Организацијата се декларирале како следбеници на Претседателот Методија Андонов-Ченто т.н. „чентовци“. И по честите апсења опстојувала. Организацијата ја проширила својата мрежа и дејноста ( во периодот 1970–1971) во Пиринскиот и во Егејскиот дел на Македонија. Преку студентската група во Загреб, одржувала врски со Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) во Европа. Дејствувала во периодот од 1948 до 1985 година.

На 22 март во Скопје полина уште еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ Павле Сарџовски

SHARE