Почна манипулацијата, не наседнувајте на лажни СМС за референдумот (ексклузивно ФОТО)

Од околу 12.30 денеска огромен број граѓани и гласачи добиваат СМС телефонска порака во која членови на една политичка партија се повикуваат да гласаат на референдумот.

Според експерти за дигитални технлогии и комуникации пораката се генерира од интернет од странство а започна да се лиферува откако во 11 часот ДИК објави дека е извесно дека референдумот ќе пропадне.

Во пораката се повикуваат членовите и симпатизерите на една политичката партија (која што не смее да се објави поради изборниот молк) да излезат масовно и да ја спасат Македонија.

Според пораката до која дојде expres.mk наводно утринава партијата постигнала клучен договор и како патриотска партија требало да излезе и да гласа на референдумот.

Според партиски извори се работи за лажна СМС порака која што има за цел да внесе забуна кај гласачите за што се очекува истрага и казнување на тие што се обидуваат да манипулираат со граѓаните.

Предходно во текот на денот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека нема да гласа на референдумот а истото преку Фејсбук го стори и потпретседателот на партијата Александар Николовски.

SHARE