Под “соживотот” се крие страшна омраза – пишува Горан Момироски (ФОТО)

Loading...

Вчерашниот протест на “Комитите” кои побараа правда за убиениот Никола Саздовски откри досега невидено ниво омраза меѓу Македонците и Албанците.

Страшната негативна енергија експлодираше за време на преносот во живо на протестот од страна на порталот А1ОН.

Јасно е дека не сите Албанци во Македонија размислуваат на ваков начин кон Македонците ниту пак сите Македонци ги мразат Албанците но самата омраза изразена без никаков страв од институциите, без страв од критика од “своите” покажува дека омразата има сериозна подлога во општеството кое што е толерантно за насилството на интернет.

Омразата не беше упатена само до “Комитите” или “Шверцерите” со што ќе можеше да се тврди дека се работи за навивачка пресметка.

Искажаната омраза беше насочена кон цели народи, мајки, сестри а како што ќе прочитате не се работи за банални пораки туку се користи дури и зборот смрт и тоа за цела нација.

А најстрашно е што интелектуалците и политичките лидери молчат и мислат дека ќе се спасат кога утре омразата ќе доминира на улиците.

Очигледно е дека не научивме ништо ниту во 2001, нити со малиот Алмир ниту со Саздо.

П.С.

Доколку навистина сака да спречи нешто пострашно МВР има законски можности да го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи што по дефиниција со време ќе се претвори во реално насилство. Ако воопшто сака и добие дозвола од племенските водачи во шумата Македонија.

Фотот: Принтскрин А1ОН видео

1 Коментар

  1. Almir zagina nesrekjno – Sazdo beshe namerno ubien … razlikata golema. Vnimavaje shto pishuvate.

Comments are closed.