Подготвувале самоубиствен напад врз КФОР!

Грамоз Шабани, кој има белгиско државјанство, со неговата девојка Едона Халити, се наоѓаат во затвор во Косово , откако биле осомничени дека планирале самоубиствени бомбашки напади и подметнување експлозивни материи во возила на припадници на КФОР.

Тие биле уапсени на  5 јуни, откако полицијата ги прислушувала нивните телефони и разговорите во кои договарале напади, но ги негираат сите обвиненија.

26 годишниот Грамоз има белгиско државјанство, но е роден во Косово.

Обвинителството ги сомничи за подготвување терористички дејства на територијата на Косово.

Според косовското обвинителство, Грамоз Шабани, исто така, планирал подготовка на терористички акти во Белгија и Франција.

Грамоз Шабани, беше уапсен за кривични дела организирање и учество во терористички групи во 2014 година, додека во неговиот дом биле пронајдени метеријали со содржина поврзана со Исламска држава.

Оставете Коментар