Поднесена кривична пријава за Заев, министрите и 80 пратеници

Сите што предложија и гласаа за пристапување кон измена на Уставот со цел прoмена на името на државата и идентитетот на нацијата се соочуваат со долгогодишни затворски казни според поднесената кривична пријава.

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесоа кривична пријава на 113 страници против премиерот, министрите и осудмесет пратеници кои гласаа за Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, со цел примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, склучена на 17 јуни 2018 година, која не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот и е во спротивност со меѓународното право!

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија е донесена во спротивност со референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година.

Во кривичната пријава се наведува дека и покрај тоа што Законот за ратификација на Договорот Димитров-Коѕиас е двапати гласан во Собранието на седниците одржани на 20 јуни и 5 јули 2018 година, указот за негово прогласување не е потпишан од претседателот на Републиката и не е објавен во “Службен весник на Република Македонија“, односно не е влезен во сила поради што не е дел од внатрешниот правен поредок на Македонија.

Во кривичната пријава подносителите наведуваат дека Спогодбата Димитров-Коѕиас е надвор од опфатот на резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, затоа што во нив се зборува за “разлика околу името на државата“, а не за “разлики“ како што зборува оваа Спогодба.

Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот, односно Законот за ратификација на Спогодбата не е во согласност со членовите 51, 118 и 119 од Уставот на Република Македонија.

Спогодбата Димитров-Коѕиас ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција, Спогодбата создава правни последици што се основа за кривичните дела по кои се поднесува кривичната пријава до Основното јавно обвинителство.

И покрај тоа што одлуката на Референдумот “за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ одржан на 30 септември 2018 година не беше усвоена, Владата на седницата одржана 8 октомври 2018 година утврди Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија, заради усогласување на Уставот со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година.

Пратениците со гласањето на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас, извршија и кривични дела против нацијата и државата, затоа што ја суспендираа слободно изразената волја на референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки. Одлуката од референдумот е задолжителна за сите без исклучок!

Подносителите на кривичната пријава потсетуваат дека во согласност со членот 19 од Законот за референдум, Собранието за истото прашање не може да решаваат пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум.

И покрај, Уставот, законите и меѓународното право, Владата на седницата одржана на 2 ноември 2018 година утврди четири нацрт амандмани 33, 34, 35 и 36, кои со допис број 44-9905/1 од 2 ноември 2018 година ги достави до Собранието на Република Македонија. Владините нацрт амандмани на Уставот на Република Македонија претставуваат флагрантно кршење на Уставот, законите и меѓународното право!

Подносителите на кривичната пријава обвинуваат дека владините нацрт амандмани на Уставот на Република Македонија претставуваат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застaрува!

Имено, со владините нацрт амандмани на Уставот, Македонија треба да стане нова држава со територија без народ и историја: (1) Се менува името на државата и идентитетот на нацијата, (2) со бришење на одлуките и Манифестот на АСНОМ, државата Македонија останува без историја, (3) во државноста се инкорпорира Охридскиот рамковен договор кој претставува договор со терористичка организација која “ослободуваше албански земји од славомакедонските окупатори“, поради симулираната агресија на САД од Косово врз Македонија во 2001 година, и (4) Македонија се откажува од деловите на Македонскиот народ во соседните земји на Републиката и од Македонците во светот, бидејќи членот 4 став 3 од Спогодбата Димитров-Коѕиас го суспендира владиниот нацрт Амандман 35 на членот 49 од Уставот!

Подносителите на кривичната пријава потсетуваат дека Спогодбата Спогодбата Димитров-Коѕиас е во спротивност и со членовите 53 и 64 од Виенската конвенција за договорно право, што ја прават ништовна, дури и да биде ратификувана и да влезе во сила Законот за нејзина ратификација објавен во “Службен весник на Република Македонија“, а нејзиното правно дејство престанува поради jus cogens нормите на меѓународното право, што не можат да се изменат со Спогодбата Димитров-Коѕиас.

Спогодбата Димитров-Коѕиас не може да ја суспендира примената на нормите на меѓународното право! Jus cogens нормите на меѓународното право, Спогодбата меѓу Македонија и Грција ја прават нелегална и нитовна засекогаш, бидејќи со меѓународен договор не може да се менува името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници, спротивно на службената положба и овластувања и самовласно извршија повреда на меѓународното и домашното право:

(1) Повелбата на Обединетите Нации и Универзалната декларација за човекови права во коишто правото на државното име Македонија е неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ!

(2) Резолуцијата 817(1993) од 7 април 1993 година, на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Резолуцијата 47/225 на Генералното Собрание на Обединетите Нации од 8 април 1993 година со која Македонија е примена во членство на Обединетите Нации, при што не се прејудицира ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА туку со упатува на РАЗГОВОР ЗА РАЗЛИКАТА по државното име Македонија со Владата во Атина, со напомена: Додека траат разговорите, само во системот на Обединетите Нации, и времено, на Македонија да и’ се обраќаат како “поранешна Југословенска Република Македонија“.

(3) Барањето на Република Македонија за прием во членство на Обединетите Нации е поднесено под државното име Македонија, содржано во документот А/47/876-S/25147.

(4) “поранешна Југословенска Република Македонија“ не е меѓународно име чијашто замена се договара со ново меѓународно име, туку времено обраќање само во системот на Обединетите Нации додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија меѓу владите во Скопје и Атина. Македонија нема сложено или композитно име што се состои од два или повеќе збора, ниту име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба, ниту име за дома и меѓународно име за светот. Името на државата се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија!

(5) Извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската Заедница, усвоен од Советот на Европската Заедница на 16 декември 1991 година, според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот Сојуз и од Декларацијата за Југославија, според што “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“.

(6) На 6 јануари 1992 година, по барање на Европската Унија, а под притисок на Грција, Парламентот на Република Македонија усвои амандмани со коишто потврди дека “Македонија нема територијални претензии кон соседните држави“ и “во грижата за положбата и правата на деловите на Македонскиот народ во соседните држави на Македонија нема да се меша во нивните внатрешни работи“!

(7) Со пресуда на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година, а по тужба од Македонија против Грција во 2008 година, се суспендира суспензивното право на Грција во меѓународните организации и се потврди правото на Македонија да поднесува барање за членство и да членува во меѓународни оранизации под државното име, со право Грција само “да приговара доколку во овие меѓународни организации на Македонија и’ се обраќаат под државното име, различно од временото обраќање во Обединетите Нации додека траат разговорите“ и ништо повеќе од тоа!

Дејствијата, спротивни на горенаведените акти, премиерот, министрите и 80 пратеници, ги презедоа спротивно на уставната обврска да ги штитат уставниот поредок и суверенитетот на Република Македонија, иако дале свечена изјава дека ќе го чинат тоа.

Премиерот, дваесетипетте министри и осумдесетте пратеници се товарат за сторени кривични дела: повреда на угледот на Република Македонија по членот 178, излагање на подбив на Македонскиот народ и припадници на заедниците по членот 179, велепредавство по членот 305, загрозување на независноста по членот 308, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по членот 313, саботажа по членот 315, здружување заради непријателска дејност по членот 324, злоупотреба на службената положба и овластување по членот 353, организирање на отпор по членот 387, самовластие по членот 392 и злосторство против човештвото по членот 403-а од Кривичниот законик на Република Македонија.

Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници: (1) извршија повреда на угледот на Република Македонија што е кривично дело казниво по членот 178 од Кривичниот законик, затоа што “јавно ја изложуваат на подбив Република Македонија“; (2) го изложија на подбив и Македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Македонија заедно со него, што е кривично дело казниво по членот 179 од Кривичниот законик; и (3) извршија кривично дело велепредавство, казниво по членот 305 од Кривичниот законик, затоа што “со сериозна закана се обидоа да го изменат уставниот поредок на Република Македонија“.

Промената на името на државата и идентитетот на нацијата истовремено е признавање на окупација, казниво по членот 306 од Кривичниот законик, затоа што на тој начин Република Македонија се доведува во положба на потчинетост или зависност кон Република Грција. А, тој што ќе признае окупација на Република Македонија или на нејзин одделен дел, ќе се казни со затвор најмалку десет години или доживотен затвор.

Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, премиерот, министрите и 80 пратеници: (1) ја загрозија независноста на Република Македонија, што е казниво по членот 308 од Кривичниот законик, според којшто тој што “ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“; (2) извршија “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, казниво по членот 313 од Кривичниот законик, затоа што со тоа демонстрираа “намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија“, што создава чувство на несигурност и страв кај граѓаните; (3) извршија и кривично дело саботажа по членот 315 од Кривичниот законик. Имено “тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години“, (4) извршија заговор за вршење на кривичните дела од членовите 305 и 311 од Кривичниот законик, со што извршија и кривично дело “здружување заради непријателска дејност“, што е казниво по членот 324 од Кривичниот законик, според којшто “тој што создава заговор, банда, група или друго здружение на лица или организација заради вршење на кривичните дела од членовите 305 до 311, 313, 314, 315, 321 и 322 став 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.“ А, “тој што ќе стане припадник на здружението, ќе се казни со затвор од една до пет години.“

Сите наведени кривични дела, премиерот, министрите и 80 пратеници, ги извршија со флагрантно кршење на Уставот и законите, како и на меѓународното право со “злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по членот 353 и со “самовластие“ казниво по членот 392 од Кривичниот законик.

Според членот 353 од Кривичниот законик, премиерот, министрите и 80 пратеници именувани во оваа пријава, како “службени лица ги искористија својата службена положба и овластување, и со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност му нанесоа штета на Македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија во целина. Штетата е голема, а истовремено се врши повреда на правата на друг.

Според членот 387 од Кривичниот законик, премиерот, министрите и 80 пратеници, организираа отпор или непослушност спрема законити одлуки донесени од граѓаните на референдум одржан на 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година, за што следи казна од една до пет години. Поради ова дело доаѓа до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на референдум која што Владата и Собранието се должни да ги имплементираат во рок од два месеци од денот на одржувањето на референдумот, поради што тие како водачи, ќе се казнат со затвор од една до пет години.

Според членот 392 од Кривичниот законик, пак, премиерот, министрите и 80 пратеници, прибавија за себе право што сметаат дека им припаѓа, иако промената на името на државата и идентитетот на нацијата не се во попис и опис на надлежности ниту на Владата ниту на Собранието на Република Македонија, односно ниту на премиерот, ниту на министрите, ниту на пратениците.

Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници, извршија и злосторство против човештвото казниво според членот 403-а од Кривичниот законик. Имено, тој што со намера за систематско уништување на Македонскиот народ со промена на името на Македонската држава и идентитетот на Македонскиот народ со промена на име, идентитет, јазик, историја и култура, гонење односно емигрирање на Македонците врз политичка, расна, национална, етничка, културна или верска основа, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор!

Подносителите на кривичната пријава предлагаат Јавниот обвинител против премиерот, министрите и 80 пратеници да предложи мерка притвор и мерка обезбедување со нивниот целокупен имот во Република Македонија и странство, поради опасност од бегство.

Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници, недвосмислено упатуваат на елементи на основано сомневање за извршени кривични дела против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, иако се под свечена изјава, со којашто се обврзуваат на почитување на Уставот и законите и на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија!

Со Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, премиерот, министрите и 80 пратеници, презедоа дејствија санкционирани во Кривичниот законик под главата кривични дела против народот и државата. Евидентен е обидот за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, со што е загрозена целокупноста и унитарноста на Република Македонија. Загрозена е независноста на Република Македонија, којашто е доведена во положба на потчинетост или зависност кон странска држава – Грција, Бугарија, Албанија и Србија, заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата – името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик.

Одлуката за распишување на референдум на 30 септември 2018 година и со Одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, претставуваат заговор против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и уставното уредување на Македонија, надвор од со Устав и закон утврдените надлежности, ја загрозува унитарноста и државноста и предизвикува штетни последици по животите и имотите на граѓаните, што наведува на најтешко кривично дело против државата – велепредавство, го суспендира меѓународното право, Виенската конвенција за договорно право.

Подносителите на кривичната пријава очекуваат јавниот обвинител против премиерот, министрите и 80 пратеници, да предложат најстрога казна доживотен затвор, конфискација на имотот што во значителна вредност ги надминува нивните законски приходи за кои немаат декларација на потекло и судска мерка забрана на вршење на должности во државната власт поради кривичните дела кои во времето додека биле носители на јавната функција премиер, министри и пратеници ги сториле против државата и народот!

Кривичната пријава е поднесена против пратениците Владанка Авировиќ, Џеват Адеми, Емилија Александрова, Ејуп Алими, Љубен Арнаудов, Сашко Атанасов, Костадин Ацевски, Али Ахмети, Амди Бајрам, Далибор Богдановски, Теута Биљали, Павле Богоевски, Сашо Василевски, Диме Велковски, Африм Гаши, Артан Груби, Милева Ѓеоргиева, Мирсада Емини Асани, Фадил Зендели, Мухамед Зекири, Енес Ибрахим, Самка Ибраимовски, Панче Иванов, Реџаил Исмаили, Нола Исмајловска Старова, Мирослав Јовановиќ, Снежана Калеска Ванечева, Алија Камберовски, Елизабета Канческа Милевска, Неџбедин Каремани, Ѓулумсер Касами, Александар Кирацовски, Бетиане Китев, Тања Ковачева, Костадин Костадинов, Сашко Костов, Никица Корубин, Катерина Кузмановска, Татјана Лалчевска, Жаклина Лазаревска, Мери Лазарова, Хари Локвенец, Бранко Маноиловски, Весел Мемеди, Реџаил Мемеди, Горан Милевски, Соња Мираковска, Горан Мисовски, Јован Митревски, Маја Морачанин, Крсто Мукоски, Агим Муртезанов, Ферид Мухиќ, Јулијана Николова, Илија Николовски, Лилјана Поповска, Татјана Прентовиќ, Бети Рабаџиевска Наумовска, Зекир Рамчиловиќ, Сурија Рашити, Чедомир Саздовски, Зијадин Села, Анета Симеска Димоска, Кети Смилеска, Ирена Стефоска, Мира Стојчевска, Мерал Узеири Ферати, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Мендух Тачи, Фросина Ташевска Ременски, Благојче Трпевски, Томислав Тунтев, Ивана Туфегџиќ, Шпреса Хадри, Јусуф Хасани, Талат Џафери, Агим Шаќири, Јагода Шахпаска и Славица Шуманска, како и против премиерот Зоран Заев и министрите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Кочо Анѓушев, Хазби Лика, Никола Димитров, Драган Тевдовски, Венко Филипче, Рената Дескоска, Горан Сугарески, Крешник Бектеши, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, Мила Царевска, Арбер Адеми, Сухејл Фазлиу, Асаф Адеми, Садула Дураки, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Аксел Ахмедовски, Зоран Шапуриќ, Зорица Апостолска и Бардул Даути.

SHARE

13 Коментари

  1. Од правните механизми нема ништо и оваа влада со институционално делување не се менува. Држава со крв се раѓа, само со крв се чува и без крв не може да опстане или да се смени политичкиот систем или влада! Бадијала тужби и други мерки!

  2. Наивно е да се потенцира „не се прејудицира ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА туку со упатува на РАЗГОВОР ЗА РАЗЛИКАТА” бидејќи реално се прејудицира ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА, бидејќи истото се проблематизира. СМК и ММДЧП според мене треба да се консултираат со стручни лица, од Јанев, Каракамишева, Бачев, Петрушевска и сл., оти вака само пишуваат небулози и бесмислици. Пример во тужбата, се оправдува текстот во 817, демек ЛЕГАЛНО било „реферирање само за во ООН”, но правниците им е познато дека името секогаш има универзална примена. Потоа, се повикува во текстот на Jus Cogens правилата, а не се забележува дека Jus Cogens нормите се повредени и во самите резолуции 817 и во 845, како да авторот сака да не ги примети, или да ги претстави како легални, повредите во самите резолуции на ООН, повикувајќи се на овие всушност нелегални формулации во истите. И натаму, од авторите се лаички, како слеп за плот, интерпретираат буквално местенки во текстот и наивно авторите се фаќаат за манипулативниот wording во резолуциите 817, 47/225, 845, од што се гледа дека немаат експертиза и знаење во областа на меѓународното право. Од друга страна, и судиите во Македонија се исто така лаици, па толкувањето на 817 и 845 ќе биде како лов во матно и за подносителите и за судиите во овој случај.
    П.С. нека не ми замери И. Јанев советник на СМК, ако го чита ова, но мислам дека Јанев не стои зад текстот на тужбата напишана од СМК. Се гледа дека тужбата е напишана со „лева рака” и од лице кое не е правник.

    • kolega2357, кога веќе ме спомнуваш, треба да Те исправам. Не се работи погоре за тужбата, туку за кривичната пријава. И да во право си не бев консултиран во врска со оваа кривична пријава.
      Што се однесува до твоите изјави за војна, мојот коментар е дека треба се да се направи да немаме војна во Македонија. Нормално, и тука има граници. Ако некоја страна по секоја цена сака војна, има како и во секое општество црвената линија, и кога државата е фундаментално загрозена и таквата опција не треба да се исклучи.
      Поздрав kolega2357, и бидејќи те познавам не се мешај повеќе во Македонските работи, бидејќи луѓе ќе стекнат претстава дека Ти kolega2357 си у ствари Игор Јанев.

      • Šega na strana i Jas možam da se logiram kako kolega2357. (I sim se logiral sega kako kolega).
        Inače kolega2357 (Velimir) e vo pravo. Rez. 817 i 845 od SB se NELEGALNI (parcijalna nelegalnost) vo del na dopolnitelnite uslovi, kako što vpročem ova e slučaj i so Rez. 47/225 na Generalnoto sobranie

    • Во ред професоре Игор Јанев, нема веќе да коментирам на мак. сајтовите, па и expres.mk, но СМК и така и така не е некоја битна организација која заслужува каков било коментар или интерес, особено не Ваш интерес, па ви советувам да не се асоцирате со таквите како Т. Петров од СМК или Б. Николов од ММДЧП. Поздрав и голема почит до Вас професоре Игор Јанев.

  3. Ако Иванов сака да се спаси мора да даде дозвола Русите да тргнат во акцијата во Советот за Безбедност (СБ) на ООН за прогласување преговорите пропаднати со предлогот СБ да даде препорака до Генералното собрание да ПРОДОЛЖИМЕ членството во ООН под уставното име Република Македонија!
    Ако предлогот на Русија пропадне во СБ треба:
    1. на истата седница на СБ Русија да бара СБ да постави барање до Меѓународниот суд за правда (МСП) за оценка ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за приемот во ООН 1993 (кои се нелегални);
    2. Доколку, нема согласност за ваквата рез. Русија да даде изјава дека СБ е во блокада и опструкција, и по истите причини како 1947, да бара Генералното собрание на ООН да упати ваквата иницијатива (од Генералното собрание на ООН) за добивање на опишаното Советодавното мислење од судот за легалитет на дополнителните услови, при приемот во ООН, за Македонија.
    3. Потоа, Русија треба ваквата иницијатива, со образложение за пат позицијата во СБ (по истите причини како 1947), и да иницира во Генералното собрание на ООН за добивање на Советодавното мислење од судот (МСП) за легалитет на дополнителните услови за Македонија. Постапката оди преку Генералниот комитет на Генералното собрание на ООН, кој утврдува точките на дневен ред.
    4. Во меѓувреме, Иванов треба да повика сите држави во ООН, вклучувајки и држави со кои немаме дипломатските односи, да не признаат под уставното име Република Македонија.
    САМО НА ОВОЈ НАЧИН ИВАНОВ ЌЕ СЕ СПАСИ ОД ИМПИЧМЕНТОТ И ПРОГОН.
    5. Деталите на постапката, која треба да се прави види на Петицијата:
    https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un

    • Проф. Игор Јанев се согласувам и сум потпишал петицијата.
      Сега има нова гласина дека Грујо избега за Белград. Сите е прашуваат дали Игор Јанев го крије Грујо во Белград?
      П.С. Ова ке биде последен мој коментар и прашање на овој простор за коментарите на expres.mk. Се објавувам.

  4. И што се стресе гората се роди глушец! Кое Обвинителство ке поднесе тужба? Кој суд ќе ги осуди? Уставниот суд како одлучи? Уставно или против уставно?

Оставете Коментар