Поетесата Сарџовска на македонски во берлинската Kunstakademie (ФОТО)

Loading...

Поетесата Наташа Сарџоска деновиве имаше триумфален настап на меѓународен уметнички настан во Берлин каде настапи на Деветиот Меѓународен поетски фестивал во Академијата за Уметности на покана од берлинската Куќа на поезијата.

Таа на сцената во Берлин изведе поетско-музичко-сценски перформанс, придружувана од гитаристот и композитор Георги Шарески.

На истата поетска вечер, под наслов „Студио Европа“, настапија и поетеси од Луксембург, Велика Британија и од Полска.

Поезијата на Сарџовска е преведена и објавена на германски јазик.