Појавувањето на „Комити“ на денешен ден пред години

Пред 31 година, на 4 јуни 1987 година, во Скопје се играше натпреварот Вардар – Црвена звезда, кој заврши со победа на домаќинот од 3:1.

„На Западна трибина првпат од постоењето на клубот се појави транспарент ‘Комити’. По две-три години и мојата генерација масовно се приклучи на Западна трибина. Од секаде ечеше ‘Јунајтед, Јунајтед, Јунајтед МАСЕДОНИЈА’ , ‘Кој го уби Ченто?’ итн. ‘Комити’ останаа група која била и ќе биде синоним за патриотизам и за љубов кон клубот. ‘Комити Запад’, ‘Комити закон’“, се потсетува на тие времиња поранешниот генерален конзул на Македонија во Канада, Драган Дачо Ѓурчевски.