НАТО ќе ја покани Македонија да стане полноправна членка на Алијансат, доколку  на референдумот граѓаните гласаат „за“  поддршка на договорот за името со Грција, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој рече дека одлуката за почеток на разговорите за пристапување со ФИРОМ ќе биде донесена од шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Брисел на 12 јули , пренесе АНА-МПА.

Столтенбергј изрази надеж дека лидерите на НАТО ќе можат да постигнат договор , но истакна дека НАТО ќе почека до целосно потпишување на договорот за името пред да поднесе покана за полноправно членство, јавува атинска агенција

Столтенберг, исто така, ги повика граѓаните на пјРМ да ја искористат оваа “„единствена можност“ и да го поддржат договорот за името, истакнувајќи дека инаку нивната земја нема да добие покана за членство во Алијансата.

SHARE