Полицаец спречувал тепачка, му го украле пиштолот

На 27.05.2018 година околу 17.50 часот пред влезот на Полициската станица Радовиш настанала тепачка помеѓу В.Т. и Б.Ѓ., двајцата од Радовиш.

Дежурниот полициски службеник се обидел да ги спречи, но во тој момент дошле и лицата Г.З и Т.С., исто така и двајцата од Радовиш, кои се вклучиле во пресметката.

Полицискиот службеник издал наредба да престанат,  но тие не го послушале.

Во турканицата, В.Т. успеал да го земе службениот пиштол на полицискиот службеник и да се закани дека ќе го употреби, но  полицискиот службеник успеал да му го земе пиштолот.

Учесниците во пресметката се приведени и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.