Полицајците работат во стари униформи

Македонските полицајци носат униформи стари и по повеќе од десет години, алармира Независниот синдикат на полицијата кој побара од МВР итно да набав нови.

Претседателот на синдикална подружница на НСП, Мартин Ефремов, вели дека веќе неколкупати се поништуваат тендерите за набавка на нови униформи и почнува да се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да не се изврши набавката.

„ Неколкупати Министерството излегуваше со конкретни датуми за набавка на нова униформа, но ниту еден не беше испочитуван. Бараме од Министерството веднаш да набави нова униформа по основ на итна и неодложна потреба, бидејќи летото го минавме со по една кошула, но за зимата не знаеме што ќе правиме“, вели Ефремов.

SHARE