„Не стивнуваат реакциите на полициските службеници по демантот на МВР дека Министерството поделило униформа – каиш.

Го прашуваме министерот во име на маалскиот полицаец, за што ни е тој каиш кога немаме панталони“.

Ова беше дел од изјавата на Независниот синдикат на полицијата кој бара покачување на платите од 20 отсто, почнувајќи од јануари идната година, наместо ветеното зголемување од 400 до 700 денари што го најави министерот Оливер Спасовски.

Тие велат дека таквото покачување еднакво на цената на еден килограм месо е неприфатливо.

SHARE