Полициско комбе заглави во улична дупка

Фотографија од полициско комбе заглавено во дупките полни со вода по улиците низ Аеродром, објави Фејсбук групата „Аеродром во моето срце“.

Причина за инцидентот се раскопаните и уништени улици во населбата под товарот на градежни машини и оператива и новата градежна експанзија.