Политички кампањи наместо родителски средби

Првите родителски средби во новата учебна година во повеќе основни и средни училишта се претворија во предизборни кампањи, протестираат револтирани родители.

Наместо вообичаените теми, за кои родителите и доаѓаат на тие средби, директори на повеќе училишта држеле политички говори за користа од референдумот, за тоа како претходната власт ги довела во очај и ги истакнувале новите, европски вредности кои новата власт ќе ги вовела по референдумот.

Поради тоа останало малку или воопшто време за дискусија за проблемите на училиштата, што сериозно ги навредило родителите.

„Уште да ни кажеа како да гласаме“, изјави за Expres.mk еден лут родител.

Но затоа основците и средношколците ќе почекаат за учебници, за кои не се знае кога ќе бидат готови по скандалот со двете издавачки куќи кои ги добија тендерите за печатење на сите учебници. Исто така, новата учебна година каснеше во повеќе училишта поради незавршени обврски од надлежните.

SHARE