„Сакаат да се поколебате, да бидете неодлучни, да бидете потчинети, затоа што кога ќе ви речат „Северномакедонци“, да речете „добро, не можело поинаку“, иако и можело и морало поинаку. Кога ќе ви кажат морало да се избрише зборот Македонија, да си речете:

„Еве, барем ќе имаме некаква иднина како другите во Европа“, а во реалноста за да бидеме како Европа потребно е многу работа и посветеност и ништо друго и ништо повеќе. Затоа што кога ќе ви речат економијата е лоша зашто претходно не се работело, да си речете:

„Добро, барем се трудат“, иако знаете дека нема да биде подобро, а сега е лошо само затоа што не работат. Затоа им требате неодлучни и затоа целта е напад врз самодовербата, да го контролираат вашиот систем на сфаќања и светолгед“ – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на големиот народен собир во Струмица.
Зборувајќи за политичките прогони кои се одвиваат тој рече целта на хајката против секој Македонец кој не размислува во рамките на матрицата на власта е да се исплаши народот.
„Затоа се и политичките прогони, за да го исплашат народот, а сите оние врз кои сега се срушува тоа политичко сладострастие на реваншизам и ниски страсти треба да бидат показна вежба пред другите.

„Ако кренете главата може лошо да ве снајде“, тоа е пораката. ВМРО ДПМНЕ има денес 5 пратеници кои се товарат за нешто што не го направиле, односно тероризам, а немојте никогаш да помислите дека ги заборавам и оние кои сега се по затворите, и кои се дел од оваа конструирана политичка хајка насочена против секој слободномислечки Македонец. Ј

ас ги живеам нивните судбини. И не заборавајте никогаш дека, сепак, има невини луѓе по затворите затоа ште се воделе од идеја и чесна мисла. И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото“ рече лидерот на најголемата опозициска партија.

 

SHARE

Comments are closed.