Специјалниот комитет на полскиот парламент за репарации од Германија проценува дека над 5.1 милиони граѓани на Полска биле убиени од страна на тогашна нацистичка германија во Војната која започна на 1 септември 1939 година.

„Околу 70 отсто од жртвите се жители на градови, загинаа 90 проценти од полските Евреи. Најголема загуби претрпеа градовите Варшава, Лоѓ, Бјалисток, Лублин и Краков“, вели историчарот Конрад Вненк.

Според најновите проценки на Комисијата, од проценетите 12 милијарди евра штета предизвикана од разорувањето на полските градови, 8,5 милијарди отпаѓа на Варшава.

Штетите во патниот сообраќај се проценува на 6,9 милијарди евра, во железничката инфраструктура е 16 милијарди евра, а штета во земјоделството достигна 12,6 милијарди евра.

Според шефот на Комисијата, пратеник од партија влдејачката Партија на правдата, Аркадиус Миларчик, ова се само воведни проценки, а целиот извештај за загубите во војната и за штетите предизвикани од уништувањете, кои треба да послужат како основа Полска даподнесе барање за воена репарација, ќе биде претставен идната година кога ќе се навршуваат 80 години германскиот напад на Полска со што започна и Втората светска војна.

Оставете Коментар