Помалку од десет отсто студенти во Македонија одат на магистерски студии

Македонија е во редот земји во Европа со помалку од десет проценти од студентите што по факултетот продолжуваат на магистерски студии, покажуваат резултатите на извештајот за спроведување на Болоњскиот процес во 47 земји од Европа.

Покрај Македонија, со помалку од десет отсто студенти што прават напори да станат магистри се и Андора, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Грција, Казахстан, Црна Гора и Турција.

На врвот е Италија со 39 проценти, веднаш по неа е Словачка со 38 отсто, па Луксембург Франција и хрватска со по 36 отсто, Чешка и португалија со по 34 отсто итн.

 

SHARE