Попис на населението во април 2020 година

Пописот на населението во Република Македонија во 2020 година ќе се спроведе од 1 до 21 април. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.

Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА изразува жалење што беше неуспешен пописот во 2011 година и оти тоа како институција ќе го носат како товар.

Македонија е единствена европска држава која речиси две децении  нема спроведено попис, откако пропадна обидот од 2011, со што се отвори простор за шпекулации дека  причината е политичка.

Без пребројување на населението, се отвора простор одредедни политичари да го билдаат бројот на етникумот на кој припаѓаат како да правата на граѓаните произлегуваат од бројките, а не од уставот, законите и меѓународните конвенции за човекови и малцински права.

Според проценката објавена од Државниот завод за статистика во 2016, во Република Македонија има 2.072.490 жители, што е за педесетина илјади жители повеќе од состојбата во 2002 кога со попис биле констатирани 2,022,547 жители.

Оставете Коментар