Попладневно протест на ВМРО-ДПМНЕ пред влада

Нов протест против владините политики ќе се одржи попладнево пред владата во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот како и минатата среда ќе започне во 17 часот пред штабот на партијата од каде ќе се маршира до владата.

Истовремено, попладнево во влада ќе се одржи првата од петте јавни расправи за уставните промени.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека протести ќе се организираат секоја среда.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар