Германската канцеларка Ангела Меркел ќе го пропушти отворањето на самитот на Г20 во Буенос Аирес, Аргентина, откако поради технички причини, синоќа,авионот со германската делегација  мораше принудно да слета на аеродромот во Келн.

Меркел и германскиот министер за финансии Олаф Шолц ќе го продолжат своето патување во Буенос Аирес рано денеска, но поради повеќечасовниот лет, на самитот ќе стигнат со задоцнување и откако светските лидери ќе започнат со своите разговорите.

Ербасот А340 во сопственост на германската влада имал сериозни проблеми со телекомуникациите, а за слетување бил користен – сателитски телефон.

Делегацијата ја помина ноќта во хотел во Бон.

epa07198269 A monitor shows the route of the Chancellor Airbus ‘Konrad Adenauer’ in Cologne, Germany, 29 November 2018. According to reports, the Chancellor’s Airbus ‘Konrad Adenauer’ with German Chancellor Angela Merkel onboard heading to the G20 Summit in Argentina, had to turn around and land at Cologne Airport, Germany, due to electronic system failure after about an hour flying time. The Chancellor will change to a replacement machine. EPA/CLEMENS BILAN
SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар