Порака на министерот Димитров од Њујорк, реакциите емотивни

– Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви!, напиша денеска на својот профил на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој замина во Њујорк каде што треба да се сретне со медијаторот Нимиц и грчкиот колега Коѕиас со кои треба да го договорат пакетот и конечниот предлог за решение на името.

Апелот на шефот на дипломатијата за мудрост и трпение од јавноста дочекан на различни начини.

Дел од коментарите се со поддршка на неговата мисија, дел преполни со пцости и навреди а дел му предлагаат да прифати Горна или Нова Македонија.

SHARE