Поранешен норвешки министер злоставувал азиланти

Поранешниот норвешки политичар Свеин Лудвигсен беше обвинет за сексуално злоставување на тројца баратели на азил,од кои едниот ментално болен, што траело со години, објави Министерството за правда.

Како што пренесува Хина, Лудвигсен (72) е обвинет дека како полициски управник на регионот Тромс ја  искористил тешката положба на три значително помлаади лица кои барале азил, во периодот помеѓу 2011 и 2017 година.

Пред да стане полициски директор, Лудвизген бил на значајни државни функции, вклучувајќи и министер за рибарство помеѓу 2001 и 2005 година

SHARE

Оставете Коментар