Поранешниот премиер Груевски осуден на две години затвор

Паднаа пресудите во случајто Тенк на СЈО.

Според претседателот на судскиот совет Добрила Кацарска советот со гласање одлучил Никола Груевски за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание да биде осуден на 2 години затвор.

Прво обвинетиот Ѓоко Поповски е осуден на 6 години и 6 месеци.

Двајцата треба да надоместат 325 илјади денари во буџетот на државата и да платат судски трошоци.

“Неспорно е дека е набавено возило марка мерцедес и дека обвинетите знаеле дека се работи за исклучително скапо возило. Груевски побарал, а Јанкулоска извршила службено дејствие кое не смеела да го изврши и го поттикнала Поповски да го стори кривичното дело злоупотреба на службената положба. Обвинетите со го фаворизирале економскиот оператор Мак Аутостар”, рече пред изрекување на пресудата судијката Добрила Кацарска.

Второ обвинетата Гордана Јанкуловска се суди во посебен предмет поради ризична бременост.