Портпаролот на Владата: Приклучете се на пораките на љубов од Атина и Скопје

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски е задоволен што јавноста дебатира за договорот со Грција. Тој апелира граѓаните да се приклучат на пораките на љубов што доаѓаат од Атина и Скопје.

“Се развива дебата и има добра насока што е одлично. Зборувам се разбира за договорот за конечно решение на спорот во кој на крајот на насловот се вели и „стратешко партнерство меѓу двете земји“ – што е многу важно.

Денеска слушнавме зборови за „заемна љубов, разбирање и заборавање на разликите“ на како што кажа пратеникот во Атина (во Парламентот) Глоса Македонико или Македонски јазик.

Ок знам дека е далеку од литературен и има многу дебати бил – дијалект, па и бугарски бил, не навлегувам во објаснување бидејќи не е важно – важна е ПОРАКАТА и тоа дека го разбравме (немој ве молам да кажете дека не го разбравте) а пораката е Љубов – има луѓе во Атина кои праќаат пораки на Љубов.

Има луѓе во Македонија кои праќаат пораки на Љубов. Епа што да ви кажам можете да изберете да се приклучите на тие пораки или на другите имаше и други нели ги видовте”, пишува Бошњаковски на социјалните мрежи.