Портпаролот на владата со директен напад врз лидерот на опозицијата

Невообичаено остар и директен напад на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, врз лидерот на опозицијата само 24 часа по ТВ-дуелот во кој се соочија неговиот шеф Зоран Заев и целта на неговиот напад Христијан Мицкоски.

Бошњаковски, кој постојано најавува дека своите приватни профили на социјалните мрежи нема да ги користи за политички цели, на приземен начин и на целосно извртен македонски јазик го навредува Мицкоски.

„…вака сега – сосема е прифатливо да немаш став по одредено прашање, без разлика дали станува збор за тоа што ти се јаде наутро или дали да активираш нуклеарка, доколку си личност со амбиција да лови риба во вештачко езеро професионално до крај на живот. Но, доколку имаш амбиција да водиш (он би сакал) народ во најважниот момент во неговата модерна историја и да ЌУТИШ ко риба (речна) за најважниот аспект кој одредува иднина на цела земја – тоа би значело дека си на погрешно место поставен, најверојатно треба да намалиш доживљај и да почнеш профи да играш тетрис…“, пишува Бошњаковски.

Со оглед на тоа што провладините медиуми и коментатори едногласно оценија дека премиерот Заев вчера на ТВ-дуелот победил убедливо, нејасно е зошто на Заев му треба дополнителен напад врз Мицкоски.

Во игра се две причини за нервозната реакција на портпаролот на Владата.

Едната е дека анализите покажале дека Заев не бил убедливиот победник во дуелот.

Другата е дека од Њујорк се очекуваат нови шокантни информации кои што со време треба да се амортизираат.

 

1 Коментар

Оставете Коментар