Дојде “живот” на православните гробишта во Тетово

Наместо исполнување на предизборните ветувања за доизградба на капелата и уредување на новите градски православни гробишта, староновото раководство на Општина Тетово наметна нови повисоки цени за роднините на починатите православни Тетовци и за сите оние што во иднина ќе испратат близок во вечниот дом.

За поскапите погребни услуги гласале и советниците на СДСМ кои додека беа во опозиција бараа средување на состојбите на гробиштата и намалување на цените на услугите.

Градоначалничката, Арифи лани во октомври кажа дека за еден месец целосно ќе биде изградена капелата и ќе се уредат новите градски православни гробишта кај тетовско Фалише. Но ветеното не се исполни. На капелата не се изведуваат никакви градежни активности, а локацијата на новите православни гробишта не уредена. Местото е обраснато со трева и трње, каде нема никаков објект, ниту пак тоалети.

Цената на гробно место на старите градски православни гробишта каде има достоинствени услови за закоп достигнува и до 5000 евра.

SHARE