Последниот нацист во светот, уапсен во САД!

„Уапсен е последниот жив нацист“, е веста на денот за која јавуваат медиумите од таа страна Атлантскиот Океан.

Според Еј-би-си њуз, имиграционите и царински агенти го уапсиле 95-годишниот Јакиј Пали, за кој се претпоставува дека  е последниот жив нацистички соработник кој работел во работните логори на Хитлер.

Пали бил уапсен во неговиот дом во Квинс, Њујорк, а неговото апсење се случило по личната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Последниот жив нацист е депортиран во Германија, додаваат уште американски медиуми.

Пали служел како вооружена стража во логорот на смртта во нацистичка окупирана Полска. По завршувањето на војната тој избегал во САД лажел каде ги излажал американските имиграциони власти за неговото минато.

Од американското Министерство за правда лиферуваа и фотиографии на младиот Јакиј Пали од неговото досие како чувар на нацистичките логори.

Еј-би-си њуз, сподели и видео од апсењето на Пали од неговиот дом.

Од кадрите се гледа дека 95-годишниот маж е изнесен на носилка од неговиот дом.

Претседателот Трамп ја поздрави акцијата „за отстранување на овој воен злосторник од територијата на САД“, се вели во соопштение на Министерството за правда на САД.

SHARE