Македонските граѓани кои сакаа да добијат бугарско државјанство беа пренесени во Бугарија со  посредници на Агенцијата за Бугари во странство, а шемата функционираше со години, вели во гостувањето на Bulgaria ON AIR Катја Матевa, поранешен директор на одделот „Бугарско државјанство во Министерството за правда.

Цената за добивање (односно купување) бугарскио државјанство се движела меѓу 300 и 500, па дури и до 5.000 евра пишуваа деновиве бугарски медиуми.

Матева вели дека има докази дека ВМРО и Красимир Каракачанов се „издржувае“ од продажбата на бугарски државјанства.

На обвинението на вицепремиерот и министер и лидер на ВМРО-БНД,  Красимир Каракачанов, дека водела антибугарска политика бидејќи им давала предност на турски граѓани пред оние од Македонија, таа одговори дека го почитувала законот.

Во своја одбрана Матева изнесе податоци дека за 15 години – од 2011 година до 2016 година – 1.200 лица од Турција добиле бугарско државјанство наспроти 70 000 од Македонија, и 31 илјади од Молдавија, пишуваат бугарски медиуми.

SHARE

Оставете Коментар