Постери со барање за апсење на Заев ја преплавија Македонија

На повеќе локации низ Македонија и Скопје од вчера се поставени постери преку кои
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада бара итно апсење на „нелегитимниот македонски ‘премиер’ Зоран Заев“.

„Заев ги прекрши Уставот, законите и изврши велепредавство. Апсете го веднаш!“, стои во пораката од организацијата на Бил Николов на билбордите, флаерите и постерите дистрибуирани во Македонија.

Постерите #НашетоИмеЕМакедонија според ММДЧП се залепени низ целата територија на Република #МАКЕДОНИЈА со пораките #АпсетеГоЗаев и #Бојкотирам #Bojkotiram.

SHARE