Уште една грчка политичка партија реагираше на последните изјави на македонскиот премиер Зоран Заев околу македонското малцинство во Грција и евентуалното учење на македонскиот јазик во грчките училишта.
„Еексклузивните изјави на Зоран Заев и на неговите владини претставници го поставуваат прашањето за тоа како нашите соседи го гледаат наредниот ден по договорот со Грција“, велат од паријата „Потами“ од каде деновиве сопштија дека размислуваат дали би го поддржале преспанскиот договор во грчкиот арлемент.
„Иредентизмот, сомневањата и непопустливоста што со децении ги погодува двете земји мора да бидат искоренети са да не се вратат низ прозорецот.
„Потами“ ја повика грчката влада, наместо да молчи, да побара од македонското раководство официјално и јасно да се обврзе, а не само вербално, дека нема да покренува малцински прашања, пренесеува „Иефимирида“
„И нашите соседи да не се повлекуваат од одговорноста – што е и нивна договорна обврска – дека нивниот јазик припаѓа на групата јужнословенски јазици“.