Издадена е потерница за Шериф Шекат, кој во вторникот навечер во Стразбур уби две и рани 14 лица.

Според Француската полиција 29 годишниот напаѓач е исклучително опасен и го бараат повеќе од 700 припадници на француските безбедносни сили.

Шериф закриминални дела одлежал затворска казна во Германија од каде минатата година бил екстрадиран во Франција.

Медиуми јавуваат дека семејството му е во Франција. но дека тој успеал да побегне, најверојатно во Германија.

Се вели дека тој во затворот се радикализирал, а за време на нападот, наводно извикувал „Алаху акбар“.

Според француските медиуми, еден од загинатите е 52 годишен банкарски службеник кој бил воцентарот на градот заедно со синот и сопругата.

Втората жртва е 45 годишниот тајландски туристи, кој е убиен со куршум во главата додека со сопругата се шетал на божикниот саем.