Потпишување договор за името Република Северна Македонија (ЖИВО)

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц, во секој момент се очекува да го потпишат договорот за новото име Република Северна Македонија, со кој се става крај на 27 годишниот спор меѓу дветеземји.

На церемонијата во Нивици (Псарадес) на грчкиот дел од Преспа ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас како и високи претставници на меѓународната задница и новинарски екипи.

Македонската делегација пристигна со три чамци до пристанипштето во Нивици.

Забележливи се засилени безбедносни мерки во малото место покрај брегот на Преспоанското Езеро каде македонската делегација предводена од премиерот Заев и министерот Димитров  пристигна со брод од македонска страна.

Грчки медиуми јавуваат дека премиерот Алексис Ципрас и министерот Никос Коѕијас како и гостите од странство од Атина ќе пристигнат со авион до блискиот аеродром Аргос, а оттаму со воени хеликоптери „чинок“ ќе бидат префрлени до аеродром во близина на местото Лемнос.

По завршување на церемонијата во Псарадес, делегациите ќе се префрлат во Отешево каде е планиран заеднички ручек.

SHARE

Comments are closed.