Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Николовски под притисок на „60 минути“ на Алфа ТВ

Го смени ли односот кон медиумите опозицијата , проверува вечерва Горан Момироски во емисијата 60 минути на ТВ Алфа во 22 часот со потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски, објавува алфа.мк.

Чувствува ли партијата одговорност за недобивање датум за преговори откако самата учествуваше во пропаста на реформските приоритети. Ќе се судри ли ВМРО со европската народна партија ако повика на бојкот на референдумот? Ќе има ли воопшто референдум? Може ли да се случи референдум заедно со парламентарни избори. Зошто ДПМНЕ се согласи на лажна реформа на разузнавачките служби? Може ли опозицијата да се врати на власт без албански партнер во владата? Влијаат ли на актуелните партиски политики Груевски и Мијалков.. Зошто опозицијата не ја следи сестринската ЦДУ на Меркел и други европски десничари за правата на хомосексуалците? На овие и многу други прашања вечерва во 60 минути на Алфа со Горан Момироски одговара Александар Николовски потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Во вториот дел од „60 минути“ порака од режисерот на „Балкан Кан“ и „Трето Полувреме“ најгледаните македонски филмови од независноста. Од Холивуд, Лос Анџелес Митревски со свој видео став за промената на името во прилогот насловен „Секогаш моја никогаш Северна“.