Потпретседателот Пенс им понудил помош на Заев и Ципрас, не го спомнува НАТО

Американскиот потпретседател Мајк Пенс вечерва по телефон им понудил американска помош на двајцата премиери Ципрас и Заев за договорот за името.

Тој прво разговарал со Ципрас а потоа и со македонскиот премиер. Неговата изјава е идентична за двајцата премиери.

“Разговарав со македонскиот премиер Зоран Заев за да понудам американска помош за решавање на долгогодишниот спор со Грција. Успешната имплементација ќе ги отвори вратите за европска интеграција и ќе ги засили регионалнипт просперитет и стабилност, напиша Пенс по разговорот со Заев.

Од објавата на Твитер на потпретседателот на САД нејасно е зошто тој зборува за отворени врати за ЕУ а воопшто не го споменува НАТО иако според владините претставници во Скопје е извесно дека Македонија наредната недела на самитот во Брисел треба да добие покана за алијансата.

4 Коментари

  1. Договорот доаѓа за ратификација во Грција. Пред гласањето, АНЕЛ ја повлекува својата доверба од владата и земјата оди на предвремени избори

  2. UNGA Res. 47/225 (1993): “Decides to admit the State whose application is contained in document
    A/47/876-S/25147 to membership in the United Nations, this State being provisionally referred to for all purposes within the United Nations as “the former Yugoslav Republic of Macedonia” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State.”

    Since there could be no differences between states over their NAMES, its illegal to make statement or decision as :” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State.”!

    Difference??!!

    Over the Name!??? Of the State!???

    A Joke!?

Оставете Коментар