Повеќе возила во сообраќајка пред Стража (ФОТО)

Неколку лица се повредени денеска во тешка сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Дебар на неколку стотини метри пред клучката која води кон Маврово.

Според очевидци до несреќата дошло откако од засега непознати причини возилото што возело кон Гостивар влегло на спротивната коловозна лента и директно удрило во првото возило.

На овие две возила налетало и трето кое што се движело кон Кичево.

Засега нема информации за нивото на тежината на повредите.

Оставете Коментар